Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Во последниве седум години изборите не се тема како претходно во смисла на фер и демократичност во нивното спроведување

„Мене ми е драго што во последните 7 години изборите не се тема како претходно во смисла на нивната фер и демократичност и нивното спроведување. Драго ми е што станавме една сериозна демократија во која што еве главната тема за изборите е кој бил кое бројче и тн. Сите имаме доверба во тој процес, имаме техничка влада што ги спроведува, имаме претседател на ДИК од опозицијата така што се согласувам дека она што е многу побитно се две работи. По изборите треба да се разгледаат тие две работи. Прво сите оние барања што ги има и ќе ги има по овие избори ОБСЕ, ОДИХР треба да се вградат и второ конечно треба да се отвори темата за изборен модел,“рече првиот вицепремиер и секретар за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ во Топ Тема на ТВ Телма.

Можеби ќе ве интересира

Битиќи: Граѓаните ќе платат над 60 милиони евра само за камати од новото задолжување на Владата

ДЕСК

Николоски на средба со вицепремиерот на Хрватска Олег Бутковиќ, суштински разговори за развој на коридорите и поддршка за решавање на проблемот на превозниците

ДЕСК

(фото) Мицкоски го пречека хрватскиот премиер Пленковиќ во Охрид

ДЕСК