23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Петровска: Борбата против тероризмот треба да биде што е можно поефикасна и многу повеќе да дејствуваме во превенција, руското влијание е присутно

„Не, руското влијание не само што не се исклучува, туку е присутно, и тоа го гледаме и тоа го чувствуваме во различни сегменти од живеењето не само во Република Северна Македонија иако сме земја членка на алијансата, туку и во земјите во регионот, во опкружувањето. Терористичките напади, јас навистина жалам за загубите кои беа предизвикани, и невини, недолжни цивили загинаа во терористичкиот напад во Москва, меѓутоа сметам дека како такви, она што изминатите години практично се трудиме, и демократските земји се трудат, е практично таа борба против тероризмот кој ќе го карактеризираме како најголемо зло, практично да биде што е можно поефикасна и се разбира многу повеќе да дејствуваме во превенција, отколку да гледаме вакви случки. Европа беше потресена во еден период во повеќе држави низ Европа, кога се случуваа терористички напади, знаеме што се тие предизвикаа, какви човечки загуби, меѓутоа се разбира и какви процеси, пореметувања на процесите во општествата,“ рече министерката за одбрана Славјанка Петровска во емисијата Трилинг на ТВ 24, на прашањето дали руската инвазија врз Украина се закана за стабилноста на Европа генерално, но и за Балканот.

Според Петровска, терористичките чинови, терористичките акти покажуваат определена слабост во системот, во државата. Тоа значи дека државата не навремено реагирала или ги немала информациите за тоа што се случува на нејзината територија, така што веројатно би требало да се гледаат и пропустите во ситемот на самата таа држава.