Centar.mk
фото ВМРО ДПМНЕ
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: На прагот сме на голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, ова беа можеби најмирните избори што е пред се заслуга на граѓаните

– На прагот сме на голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Ќе победиме во најголем дел од општините во државата. Денес Македонија имаше мирни и успешни избори кои ги задоволуваат највисоките критериуми за демократски изборен процес, соопшти Тимчо Муцунски од ВМРО ДПМНЕ.

– Можеби најпримерните и најмирни избори во нашата понова историја. За тоа заслугата ја имаат пред се граѓаните на Македонија. Им благодариме на сите граѓани, на нивниот одзив, на нивната решителност, нивната одлучност и континуирана желба да ја наградат работата, проектите, да бидат на вистинската страна.

Очекуваме одличен изборен резултат и огромна победа, која ќе биде прослава на волјата на граѓаните, но и порака до сите оние кои ја влечат на дното на погрешната страна во целосна безидејност, без концепт и без визија.

Македонија одлучи денес на тоа да стави крај.

Некои информации кои говорат за извесни нерегуларности и обвинувања, кои треба да фрлат дамка на изборниот процес ги гледаме како стратегија на СДСМ, и на нашите политички противници за барање алиби за изборниот пораз кој очигледно следи. Тоа е партија со многу проблеми, кои во периодот што следи ќе бидат нивниот главен камен на сопнување и очекувано е таа партија конечно да почне да се реформира.

Но, сакаме да ве увериме дека победата ќе биде чиста и јасна. И тоа значи за нас одговорност која што не смееме да ја изневериме.

Во наредниот период ќе известуваме за резултатите од гласањето, изјави Муцунски.

Можеби ќе ве интересира

СОНЦЕ ЗА ВИКЕНДОТ, НО УТРА ДО −3 °C – На почетокот на следната седмица услови за слаб дожд

ДЕСК

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕДЛОЖАТ РЕВИЗИИ – ДЗР прима иницијативи до 1 декември

ДЕСК