18. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Митрески: Македонските граѓани заслужуваат европска иднина, со европски вредности дома

Претседателот на Собрание Јован Митрески во своја објава на Фејсбук им се заблагодари на сопартијците и другарите за довербата да ја предводи изборната листа на СДСМ и Коалицијата во петтата Изборна единица.

„Вечерва, од овој Конгрес на СДСМ, каде се обединети сите прогресивни сили, најавувам уште една победа, победа која ќе овозможи подобар животен стандард, просперитет и развој, но и забрзан евроинтеграциски процес“, истакна Митрески.

„Македонските граѓани заслужуваат европска иднина, со европски вредности дома.
Нема откажување од иднината!“ заклучи Митрески.