Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Филипче: И како лекар, и како пратеник мисија ми е да помагам на луѓето

Неврохирургот и поранешен министер за здравство Венко Филипче се враќа во политиката.Тој е носител на листа на СДСМ и Коалицијата во Изборна единица 4.

Филипче најавува дека граѓаните ќе биде во негов прв план, без разлика дали е лекар или пратеник ќе се бори за нивните интереси.

„Без разлика дали сум доктор или пратеник, мојата мисија е да им помагам на луѓето. Оваа вредност секогаш ме водела и ќе ме води во животот. Останувам посветен на моите пациенти како доктор, но како иден пратеник ќе имам можност да приднесам во креирање политики кои ќе имаат широко влијание во здравството и во другите области кои се важни за граѓаните“-напиша Филипче на совојот Фејсбук профил.

Филипче е уверен дека со посветеност и соработка заедно со граѓаните може да се направат значајни промени.

„На овој пат, јас ги вложувам моето искуство и интегритет и се обврзувам дека ќе бидам достапен за сите граѓани. Живееме во време на неизвесност и само со емпатија и грижа еден за друг можеме да ја трансформираме неизвесноста во надеж, а стравот во храброст. Како иден пратеник ќе ги застапувам интересите, не само на граѓаните од ИЕ 4 што ќе ја предводам, туку и на граѓаните од целата држава. Уверен сум дека со посветеност и соработка ќе направиме значајни промени кои ќе го подобрат животот на сите мои сограѓани. СДСМ и коалицијата се вистинскиот и единствен избор за сигурна иднина и убеден сум дека вие граѓаните ќе го направите вистинскиот избор“-пишува Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Битиќи: Граѓаните ќе платат над 60 милиони евра само за камати од новото задолжување на Владата

ДЕСК

Николоски на средба со вицепремиерот на Хрватска Олег Бутковиќ, суштински разговори за развој на коридорите и поддршка за решавање на проблемот на превозниците

ДЕСК

(фото) Мицкоски го пречека хрватскиот премиер Пленковиќ во Охрид

ДЕСК