24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ЛОКАЛНО

За прв пат во Општина Илинден теретана на отворено

Жителите во Општина Илинден за прв пат ќе добијат спортска теретана на отворено. Локацијата на оваа теретана е кај пешачко – велосипедската патека во Марино, а во тек е поставување на фитнес справите за вежбање.

Градоначалникот на Општина Илинден направи увид на тековните работните активности во Марино и истакна дека истите се одвиваат со предвидената динамика. Во рамки на ова фитнес катче, каде младите па и повозрасните жители на општината ќе можат да се рекреираат и вежбаат, ќе бидат поставени повеќе најсовремени фитнес справи.

Досегашната пракса на инвестирање и создавање на услови за спортување, постојано се докажува како највредна инвестиција за сите генерации, па затоа Општина Илинден од сопствениот буџет оддвои средства за реализација на спортската теретана на отворено, а во наредниот период продолжува и понатаму со инвестиции во спортот и спортските терени на нејзина територија.