21.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

За првпат во регионот, а веројатно и во Европа, трговски центар од затворен тип неколку дена во целост ќе ѝ биде посветен на поезијата.

Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ има задоволство да ги покани новинарите, снимателите и фото репортерите на вашите редакции на свеченото отворање на манифестацијата „Денови на поезијата”, кое ќе се одржи утре, четврток 21 март во „Скопје Сити Мол” (главен влез) со почеток во 18 часот.

Отворањето ќе го води првенецот на МНТ, Никола Ристановски, а беседа за македонските врвни мајстори на лирскиот збор, за кои годинава одбележуваме значајни јубилеи, ќе одржи Весна Мојсова-Чепишевска.

Преку ликот на Шопов, „Деновите на поезијата“ во „Скопје Сити Мол”, ги соединуваат сите генерации, сè до најмладите. На свеченото отворање ќе учествуваат и студенти од Филилошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ, придружени со деканот, Владимир Мартиновски.

Повод за оваа четиридневна манифестација, која започнува на Светскиот ден на поезијата, 21 март, се 85 години од објавувањето на „Бели мугри“ од Кочо Рацин и 80 години од објавувањето на „Песни“ од Ацо Шопов – првата книга на македонски јазик во слободна Македонија.

Од 21 до 24 март, по свеченото отворање, публиката ја очекува богата програма која ќе се одвива и во книжарницата „Литература.мк“ и во киното „Синеплекс”, а во чија организација се вклучија и Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература, „ПНВ Публикации“ и „Култура бета“.

А како најава за овој исклучителен настан, за првпат на билбордите во нашиот главен град, на пет клучни локации, се појави и поезијата!

Спонзорирано: