„Ние важиме за партија која има високо ниво на демократија и секој може да каже што мисли меѓутоа кога ме прашавте на кој тоа го кажувам, тоа го кажувам на секој оној кој што ќе потпише изјава дека се согласува да биде на листа за пратеници затоа што како што кажав пратеникот носи една од најголемите функции во државата, пратеникот е тој кој што ја бира Владата и пратеникот е кој што ги застапува интересите на граѓаните кога тие го бираат на непосредни избори. Нешто што во овој период од 4 години, јас бев 2 години пратеничка па сум 2 години министерка за култура, видовме дека не секој од пратениците еднакво ја сфаќаат таа функција односно имавме пратеници кои што доаѓаат на седници во Собрание, само се потпишуваа и си седеа во своите канцеларии, во една многу исклучително тешка ситуација – Ковид, кога што се гласаа разни пакети за помош на граѓаните, па така имавме и имаме една опозиција која е кочничар на законите, на најголем број од законите.Токму затоа велам дека функцијата на пратеник е една од најодговорните,“ рече министерката за култура и потпретседателка на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска, на ТВ Клан.
Во врска со кандидатите за пратеници таа посочи дека поминуваат низ еден подолг филтер и секој кој што е утврден како кандидат за пратеник ужива одреден углед во неговата средина, во град, во село итн, покажал дека знае да раководи со одреден процес, одредена институција или дека има демократски капацитет за спроведување на одредени процеси.