27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Костадиновска Стојчевска: Конечните листи за кандидати на пратеници ќе бидат познати во сабота на Конгресот на СДСМ, по принципот машко-женско

„На когресот ќе се утврдат конечните листи за кандидати за пратеници меѓутоа целосните листи, не само носител, прв втор… За сите 6 изборни единици ќе се утврдуваат конечните листи и тоа ќе го направиме односно ќе помине низ сите партиски филтри, низ сите партиски структури што ќе резултира на крајот со партиски конгрес кој што е закажан за во сабота. Како потпретседателка морам да кажам дека најпрво се залагаме за зачувување на тој принцип на машко женско или подеднаква застапеност на жените на листи. Тоа од претходните парламентарни избори премина во една реторика која што е носител и коносител односно со таа застапеност се опфаќа малку поголем регион. Што значи покрај принципот на машко женско ќе имаме и нешто што се нарекува носител и коносител за секоја изборна единица,“рече министерката за култура и потпретседателка на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска, на ТВ Клан, во врска со носителите на пратеничките листи на СДСМ.
Таа посочи дека застапеноста од 50 отсто жени на пратеничките листи е воведено токму заради тоа никој да не се чувствува супериорен во однос на останатите.
„Што значи дека тоа е нешто што е направено за да се запази дека имаме и маж, но и жена носител односно носител и коносител(ка) на листи затоа што сме ние прва партија која што воведе 50% застапеност на жените на своите листи не само на парламентарните избори туку и на локалните избори и на последните како и на претпоследните,“ рече министерката Костадиновска Стојчевска.
Таа посочи дека сеуште траат анкетирањата и внатрепартиските процедури, како и тоа дека не мора да значи дека и таа ќе се најде на пратеничка листа, како носител или коносител.
Учеството на носителите на јавни функции во овој момент не е пресудно за нашето учество во изборниот процес меѓутоа јас не би можела да дадам конечен одговор се додека не се завршат сите партиски процедури за утврдување на секој еден кандидат кој што ќе се најде на листата за кандидат за пратеник. Пратеник е одговорна функција и пратеник е функција која што се бира на непосредни избори, бираат граѓаните. Сите тие 20 места имаат подеднаква тежина. Тоа носител, коносител(ка) е нешто што мора да постои заради одредена терминологија, одредени процедури меѓутоа стојам на тоа дека сите тие 20 носат подеднаков товар, подеднаква обврска,“ посочи Костадиновска Стојчевска.