Вчера, во 17.15 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Ф.(45) од Куманово. Тој се сомничи дека извршил повеќе кражби од возила и приватни имоти во Куманово, соопшти МВР.
А.Ф. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.