Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
ЛОКАЛНО

Утре на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид ќе се спроведе вежбовно гаѓање со боева муниција

СВР Охрид ја известува јавноста дека, припадници на резервниот состав при Секторот за внатрешни работи Охрид, утре 25.10. 2026 година (недела) со почеток од 08 часот, на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид ќе спроведат вежбовно гаѓање со боева муниција.

Пред почетокот на вежбовните активности, ќе бидат преземени соодветни безбедносни активности со теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето, со цел оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони. Медицинско обезбедување на боевото гаѓање ќе вршат екипи на ЈЗУ „Здравствен дом“ од Охрид.

Упатуваме апел до граѓаните кои се движат на подрачјето каде се наоѓа стрелиштето, да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници.

Можеби ќе ве интересира

НОВИ ПРЕКИНИ НА СТРУЈА ВО СКОПЈЕ ВО ВТОРНИК – Еве кои улици ќе бидат без електрична енергија на 17 ноември

ДЕСК

ОД УТРЕ ЗАТВОРАЊЕ НА ВАЖНА КРСТОСНИЦА ВО СКОПЈЕ – Сообраќајот ќе се пренасочува, еве од колку часот

ДЕСК

ЧЕТИРИ УЛИЦИ ВО СКОПЈЕ ОД УТРОВО БЕЗ ВОДА – Голем дефект, еве кога се очекува нормализирање

ДЕСК