Голем пожар избувнал во историскиот објект познат како „Орлово гнездо“, поранешно планинско засолниште на Адолф Хитлер во Баварските Алпи. Објектот се наоѓа на планината Оберзалцберг, во близина на Берхтесгаден, на тешко пристапен терен.
Според Euronews, околу 200 пожарникари биле ангажирани за справување со огнот, додека германската полиција привела едно осомничено лице. Причината за пожарот засега не е утврдена.
На снимки од веб-камери биле забележани пламен и густ чад над историскиот објект. Засега нема потврдени информации за евентуални жртви или за целосниот обем на материјалната штета.


