Согласно Преспанскиот договор, од 13-ти февруари 2024 година не важат патните исправи со старото име Република Македонија, туку оние со Република Северна Македонија.
Ниту новото раководство на МВР не успеа да обезбеди пасоши за сите граѓани, па така илјадници Македонци низ Светот и Македонија кои не ги обновиле пасошите изминатите неколку години не можат за брзо време да извадат нови.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва во емисија на една национална телевизија соопшти дека во моментов околу сто илјади граѓани се имаат сликано, но немаат добиено пасош, а обрасци има за околу 15000 пасоши.
Тој соопшти дека до крајот на март се очекува поголема количина на пасоши.
Сепак македонските граѓани кои се во странство, а имаат патни исправи со старото име ќе може да се вратат во земјава со патни исправи кои чинат околу 30 евра.