10.8 C
Скопје
28. февруари 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Инцидент поттикнат од политички тензии се случи во автобус на ЈСП среде Скопје – апел до политичарите да ја смират реториката

Соопштение на ЈСП:

Вечерва во автобусот на линија бр.7 на автобуската постојка кај комплексот Банки се случи уште еден инцидент, поттикнат од политички тензии.

Апелираме до политичките партии да ја смират својата реторика во предизборниот период, да делуваат одговорно и да не користат реторика која ги потпалува тензиите меѓу граѓаните по кој било основ.

Истовремено, апелираме до МВР и техничкиот министер Панче Тошковски, кој е надлежен за спроведување на мирни, фер и демократски избори, да преземе одговорност и соодветни мерки за спречување на ваквата потпалувачка кампања која предизвикува нетрпеливост кај најмладите.

Апелираме, МВР да ги засили своите контроли во возилата од јавниот превоз, како и на автобуските постојки.

За среќа, во овој настан нема тешко повредени, а причинета е само минимална материјална штета (скршен прозорец) на автобусот која ќе се покрие со осигурувањето на возилото.