Дводневната работна посета на Република Турција, министерот за правда, Кренар Лога ја започна со средба со претседателот на Врховниот касационен суд на Република Турција, Мехмед Акарча и Врховсниот јавен обвинител ,Бекир Шахан. Министерот Лога беше придружуван од претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, претседателот на ОЈОГОКК, Ислам Абази, поранешниот претседател на Уставен суд , Сали Мурати и претставници од Министерството за правда.
На средбата се разменија мислења, искуства и информации за подобро запознавање со судските системи, за положбата, функционирањето и улогата на судската власт, со посебен акцент на работата на врховните судови и јавните обвинителства.
Министерот Лога им се заблагодари на Акарча и Шахин за топлиот прием и гостопримство и посочи дека пријателките односи меѓу двете држави ќе продолжат да се интензивираат и во наредниот период.
Доследна и предвидлива судска практика е предуслов за владеење на правото и правната сигурност и особено важна за зголемување на довербата на граѓаните во работењето на судскиот систем. Од тие причини, предвидено е зајакнување на соработката која ќе се реализира преку одржување на редовни работни средби.
Министерот за правда Кренар Лога ,претседателот на Врховниот касационен суд на Турција, Мехмед Акарча и Врховниот јавен обвинител, Бекир Шахин се договорија да има размена на посети меѓу институциите од двете држави со цел да стекнат нови знаења и искуства.