22.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: МТВ само не потсетува како изгледаа медиумите до 2016 година

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски ги коментираше последните анкети на МТВ според кои ВМРО-ДПМНЕ има двојна предност пред СДСМ.

„Тоа што го гледаме сега на МТВ е анкета преземена од еден Институт многу близок до ВМРО-ДПМНЕ. МТВ само не потсетува како изгледаа медиумите до 2016 година. Ова прашање треба да го доставите до амбасадорите Гир, до американската амбасадорка, до холандскиот амбасадор бидејќи тие многу често ги коментираат демократијата, слободата на медиумите, начинот на известувањето“, одговори Ковачевски.