17. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: ДПМНЕ влезе во Влада со ДУИ, пишман аџија Мицкоски се загуби

-ДПМНЕ влезе во Влада со ДУИ. Пишман аџијата Мицкоски се загуби, едно зборува, друго мисли, трето прави. Прво ја проблематизираше техничката влада, потоа велеше дека ДПМНЕ нема да учествува во неа и на крај влезе во Влада со ДУИ, соопшти СДСМ.

„ДПМНЕ предложи министри за во техничката Влада а не ги гласаа во македонското Собрание, односно ги бојкотираа.

Седат во техничката Влада а се прават дека не се дел од неа.

Мицкоски нема став, ниту политички капацитет да донесе некаква одлука и дефинитивно не знае каде тера.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

„Ќе бидеш моја или ќе бидеш мртва“ – Росица сведочела за заканата од Илија кој подоцна ја уби

C +

СДСМ: Шамар за скопјани-ВМРО-ДПМНЕ го наградува виновникот за Дрисла со носител на листа во Скопје

C +

Мицкоски: Идентификувани 20-тина лица поврзани со пожарите

C +