Centar.mk
фото Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Уште 98 дена до 8 ми мај и победа на СДСМ и проевропската коалиција!

-Остануваат уште 98 дена до 8-ми мај и победа на Европскиот фронт предводен од СДСМ, велат од СДСМ.

„Граѓаните на слободни, фер и демократски избори ќе го поразат Мицкоски и ДПМНЕ и нивните хорори.

Со Мицкоски и ДПМНЕ нема иднина, нема членство во ЕУ. Тоа е истата партија од минатото којашто не е поместена ниту милиметар.

Како владее ДПМНЕ се гледа од работата на нивните градночалници, кои за 2 години ги уназадија општините, не направија ништо добро за граѓаните, освен што им ги покачија сметките.

Понудата на ДПМНЕ е хорор, влечење за коса, враќање назад во изолација, неизвесност, криминал, корупција, поделби меѓу граѓаните, мали плати и пензии.

СДСМ нуди поголеми плати, пензии, намалување на давачките за народот, со СДСМ е извесна европската идина со заштитен македонски идентитет.

Тоа е изборот пред граѓаните.

На 9-ти мај, Денот на Европа, европскиот фронт ќе прогласи формирање нова проевропска Влада којашто ќе обезбеди членство во ЕУ до 2030 година.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

НЕБОТО ЌЕ СЕ РАЗЛУТИ ВО ПЕТОК: Се очекуваат поинтензивни процеси и пад на температурите

ДЕСК

СДСМ: Анкетите на Мицкоски-што поскапи цени толку поголем рејтинг

ДЕСК

Нови шест автопатски проекти кои носат инвестиции, работни места и економски раст, најави Мицкоски

ДЕСК