„Се додека сум министерка за култура, заедно со директорот на Управата за заштита на културното наследство, ќе продолжиме во насока за да го задржиме статусот на Охридскиот регион и да ги унапредиме добрата шт оги имаме и да имаме што е можно повеќе добра впишани во листата на УНЕСКО“ рече министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска на конференцијата „Година на европски можности“.
Таа додаде дека потребно е усогласување на централанта власт и локалните самоуправи за интересите и да не се менуваат статусите на одредени објекти на ниво на општина, само ради лични интереси, кои не се во интерес на општината и државата.
„Соработката со локланата власт е секогаш предизвик затоа што додека ние реагиравме како комисија на неколку одлуки на двете најзасегнати општини – Охрид и Струга, тие некако како да останаа глуви на нашите барања да не носат одлуки на ниво на совет кои се штетни и се косат со начелата на УНЕСКО“ рече Костадиновска-Стојчевска.
Министерката додаде дека нема несреќни изјави, како што рече градоначалникот на Охрид, туку има градоначалници кои несе грижат за доброто на својата општина.
„Владата и јас како министерка и претседавач на Националната комисија за УНЕСКО, не можам да ја завршам целата работа сама. За тоа треба соработка и разбирање“ рече Костадиновска-Стојчевска.