Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Фондација Заев: Дониравме уште едно амбулантно возило за ЈЗУ Општа Болница – Струмица

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ и годинава продолжува со ангажманите за поддршка и унапредување на јавното здравје, кои беа главен белег на реализираната програма и во претходната година. Како резултат на тоа, возниот парк на ЈЗУ „Општа болница“ – Струмица од денес е побогат за уште едно амбулантно возило.

Директорот на нашата Фондација Зоран Заев и членот на Одборот на Фондацијата д-р Венко Филипче, и го предадоа амбулантното возило на директорката на ЈЗУ „Општа болница“ – Струмица д-р Катерина Кузмановска, а на чинот на примо-предавање присуствуваше и заменик министерот за здравство д-р Маја Манолева.

Донацијата на амбулантно возило ја обезбеди Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“, во соработка со други општествено-одговорни субјекти, а на истата, во 2020 и 2021 год., ѝ претходеа уште две такви донации на амбулантни возила за ЈЗУ „Општа болница“ – Струмица, кои, заедно со заштитна опрема за вработените во Ковид центарот, ги обезбеди семејството Заеви.

По повод денешниот настан, изјава за медиумите даде членот на Одборот на Фондацијата, д-р Венко Филипче.

Активностите на нашата фондација за поддршка и унапредување на јавното здравје ќе продолжат и во наредниот период

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – Силен ветер над 60 км/ч, утринска магла и дожд за викендот

ДЕСК

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО ВЕЛЕС – Кај ученичка забележани видливи повреди, известени полицијата и обвинителството

ДЕСК

РЕВИЗИЈАТА ОТКРИ ПРОПУСТИ ВО МИНИСТЕРСТВО – Проблеми со имотот, обврските и јавните набавки

ДЕСК