13. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Центар.мк
МАКЕДОНИЈАвест

Приведен криумчар, пронајдени мигранти од Сирија

Вчера, околу 19.40 часот во с.Костурино, струмичко, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Стар Дојран при Регионалниот центар за гранични работи Исток го лишиле од слобода И.М.(30) од с.Градошорци, општина Василево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“, соопшти МВР.

Имено, околу 19.30 часот на регионалниот пат P-1401, на место викано „Валандовско брдо“, полициски службеници дале знак за запирање на две патнички возила „бмв“, со битолски и со штипски регистарски ознаки, но возилата не застанале, по што во село Костурино возилото „бмв“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал И.М., било запрено, а при преглед во него биле пронајдени седум лица мигранти од Сирија. За настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно расчистување и документирање ќе биде поднесена соодветна пријава, извести полицијата.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: СДСМ нуди конкретно решение за Вардариште, додека ВМРО-ДПМНЕ молчи и гледа како се трујат граѓаните

C +

Филипче: Македонија стана опасно место за живеење, Владата нема контрола над пожарите во депониите

C +

Се уште нема субвенции за одгледувачите на овци, ВМРО-ДПМНЕ им сврте грб на земјоделците

C +