Centar.mk
фото Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

ОЈО да отвори предмет за злоупотребата на парите од општините под капата на ДПМНЕ, повикуваат од СДСМ

-Надлежното Јавно обвинителство да постапи и да ги истражи сомнителните јавни набавки со астрономски цени во општините под капа на ДПМНЕ, повикаа од СДСМ.

„Новата афера на градоначалниците на ДПМНЕ кои купувале неколкупати поскапи машини од реалната цена мора да се расчисти.

Според јавно достапни документи општина Битола за речиси 50.000 евра набавила машина за бележење хоризонтална сигнализација.

Иста машина набавила општина Велес по цена од 40.000 евра.

Овие цени се 3 до 5 пати повисоки од реалните.

Општина Илинден и многу други општини набавиле таква машина по три пати пониска цена од астрономските, кои се платени во општините Велес и Битола.

Прашањето е во чии џебови завршила разликата?

Одговорност за злоупотреба на парите на граѓаните мора да има.“ – велат од партијата.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, деветмина возеле без возачка дозвола

ДЕСК

Левица: Македонија не смее да биде пасивен набљудувач за сопствената иднина – Муцунски и Мицкоски да се огласат по редлогот на Мерц

ДЕСК

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија поради неговите антимакедонски ставови

ДЕСК