9. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Астрономски цени за машини, ДПМНЕ повторно фатена со рацете во медот

-ДПМНЕ повторно е фатена со рацете во медот. Општини раководени од ДПМНЕ со пари на граѓаните, набавуваат машини по астрономски цени, кои се неколку пати повисоки од реалните, соопшти СДСМ.

„Општина Битола за речиси 50.000 евра набавила машина за бележење хоризонтална сигнализација.

Општина Велес купила иста таква машина за околу 40.000 евра.

Исти вакви машини може да се најдат по цени кои се 3 до 5 пати помали.

Разликата меѓу набавната и реалната цена е огромна.

ДПМНЕ уште еднаш покажа дека е партија на која не и се битни граѓаните, туку само личното богатење на одредена група луѓе.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Ковачки со апел од Илинден: Масовно излезете на 19 октомври и гласање за број 9

ДЕСК

Мицкоски: На овие избори има две опции СДС-ДУИ- Левица кои се нереформирани „како до сега“ и ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која е за развој и напредок на Македонија

ДЕСК

Филипче: Мицкоски воведува нов данок за граѓаните, ДДВ и на евтините пратки

ДЕСК