Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Тасевски: Дури и при штрајк на М-НАВ, мора да се пружи услуга на авиони за итни случаи

„Законските норми се пропишани и ги има во законите. Се е дефинирано како може да се штрајкува и ние тоа го запазуваме. Мора да се пружи услуга на авиони на полиција, војска, за итни ситуации од медицински потреби, пожари“ рече претседателот на синдикатот на М-НАВ, Александар Тасевски во утринската програма на Слободен печат.

Тој додаде дека кога се зборува за затворање на небото, се мисли на комерцијалниот дел, а не за безбедност.

„Секој што би бил во вонредна ситуација и ние како професионалци не би дозволиле да остане без контрола на летање“ рече Тасевски.

Тој изјави дека нема ни желба ни потреба од политички амбиции и дека посекува нормална професија каде што се е средено.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Мицкоски да одговори – ќе ја поддржи ли Резолуцијата?

ДЕСК

Добра вест: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

ДЕСК

Филипче: Мицкоски да одговори – ќе ја поддржи ли Резолуцијата?

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.