24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Радикалните десничари застанаа во одбрана на Палчо на Фејсбук

Дел од радикалните десничари, кои шират дезинформации и теории на заговор и се против прогресот на државата и евроатлаатнската ориентираност, застанаа во одбрана на Љупчо Палевски Палчо, човекот кој беше организатор и егекутор на киднапирањата и убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски од Велес.

На социјалните мрежи е креирана и група со која се бара правда за Палчо, а во која дел од членовите изнесуваат теории на заговор дека случајот во кој е обвинет тој е наместен, со цел да се тргне од политичката сцена, иако неговата партија со антидржавни ставови имаше непосточеки рејтинг.

Во нивните теории на заговор, радикалните десничари сметаат дека случајот е смислен од УДБА, ЦИА и НАТО за „заплашување на македонскиот порив за родољубие и за одбрана на канонската чистина на православието“.

Министерот Спасовски на вчерашната прес-конференција рече дека ова криминално гнездо кое е формирано од Палевски и неговите соработници мора да се разбие до крај и порача дека треба дерегистрирање на партијата, која преку политиканство, коалиции, договори и влијанија од надвор сакала да направи дестабилизација. Тој додаде дека сите знаат какви ставови застапувале осомничените и нивната партија, што правеле и што зборувале во нивните емисии и како директно се спротивставувале на напредокот на државата, на НАТО и на европскиот пат.

Палевски беше уапсен во текот на вчерашниот ден во Турција, по претходна координација и соработка со македонските служби за убиството на Ѓорчевска и Жежовски. Останатите осомничени во случајот и соработници на Палевски и во полициска станица и во јавното обвинителство го признаа делото.