24.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Бислимовски :Доколку се држиме до плановите за домашно производство на домашна енергија ќе немаме проблеми

Во „Студио 10’’ на ТВ 24, претседателот на РКЕ Марко Бислимовки рече: „Не е исклучена можноста за да пости зголемување на цената на струјата поради што потрушувачката на електричната енергија е намалена за 10% заради поставувањето на фотоволтаци– но секако ќе се најдат соодветни креативни решенија што е во наши рамки. Доколку се држиме до плановите за домашно производство на домашна енергија ќе немаме проблеми’’

Бислимовски додаде во однос на снабдувањето со електрична енергија според податоците со коишто располага ЕСМ производните капацитети се во добра кондиција.

Од први Декември официјално евтината тарифа се врати кај домаќинствата. Кај нас во Македонија сите броила се дигитални но – не значи дека секое дигитално борило има далечинско очитување како што ќе доаѓа отчитувачката група за да се промени така ќе биде променета енергијата од скапа во евтина. Потрошувачката за Декември – ќе биде со целосна применета евтина тарифа. Не можат екипити на ЕВН одеднаш да заменат повеќе од 400.000 броила, но до крајот на месецот ќе биде 90% завршена. Никој нема да биде оштетен’’ – рече Бислимовски

Бислимовски рече дека постоеле комуникациски пробелми во однос на снабдувањето со топлинска енергија но се надминати. Она што е карактеристично дека имаме пад на нафтата и нафтените деривати но тоа е заради осцилациите на берзите.