-Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство како надлежни институции покажаа посветеност и професионалност на високо ниво во расветлување на грозоморните убиства, кои го потресоа целото општество и тоа е за поздравување, соопшти СДСМ.
„Во рамки на своите законски надлежности МВР и Јавното обвинителство навреме преземаа соодветни, интензивни активности и ги пронајдоа сторителите на грозоморното злосторство, монструозните убиства на 14-годишната Вања и 74-годишниот Панче.
Очекуваме во најкраток можен рок сите сторители и инволвирани да бидат изведени пред лицето на правдата и да понесат одговорност за злосторството.“ – се вели во соопштението.