Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

175 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (04.12.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 175 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина осум санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за минување на затворен сигнал – црвено свлетло, 17 мерки за некористење на сигурносен појас… – соопшти МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Нова ера за македонското здравство: Три клинички болници и здравствен комплекс вреден 1,5 милијарди евра

ДЕСК

Покачување на 50 отсто на пензиите ако дојде СДСМ на власт – најави Тренчевска

ДЕСК

Силно невреме проследено со град на автопатот Скопје – Тетово, невреме и во други делови на Македонија: Каде е најкритично?

ДЕСК