Колку сон ни треба навечер? Краткиот одговор е – доволно за да не бидеме уморни наутро. Подеталниот одговор во голема мера зависи од поединецот. Некои луѓе функционираат нормално ако спијат шест часа, а за други ни десет часа не се доволни.
– Минимумот е пет часа и 45 минути ноќен сон, а максимум нема. Ако луѓето спијат повеќе од девет часа навечер, тоа може да укаже на здравствени проблеми, како што се срцеви заболувања – вели неврологот Аруна Рао, кој спие осум часа навечер.
Недостатокот на сон може да придонесе за висок крвен притисок, лоша исхрана, зголемување на телесната тежина и метаболички нарушувања како што е дијабетесот, велат лекарите. Премногу сон, пак, може да биде и ризик фактор за дијабетес, дебелина и срцеви заболувања, пишува Index.hr.
Квалитетот на сонот е речиси исто толку важен како и квантитетот. Ако слабо спиете поради апнеја при спиење или партнер кој ‘рчи, тоа може да има ист ефект како и премалку сон, забележуваат експертите.