15. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Агенција за промоција и поддршка на туризмот: Саемот “Винска Визија на Отворен Балкан” е одлична можност за дополнителна промоција пред потенцијалните туристи

-Овогодишната промоција на саемот “Винска Визија на Отворен Балкан” од страна на АППТ покрај концептот базиран на новото туристичко лого “Taste Life” е збогатена со резбарскиот, филигранскиот занает како дел од историското и културното наследство, а техниките се презентираат од врвните мајстори на широката публика на оваа саемска манифестација, објави Агенција за промоција и поддршка на туризмот.

Саемот “Винска Визија на Отворен Балкан” е одлична можност за дополнителна промоција пред потенцијалните туристи од регионот и задржување на позитивните резултати од 2023 година и во наредниот период. Македонскиот туристички сектор во првите девет месеци од 2023 година оствари 2.700.000 ноќевања, конкретно учеството на српските ноќевања од вкупниот број странски туристички ноќевања остварени во државава е 10%, што е одличен показател за значењето на српскиот туристички пазар. Преостануваат уште три месеци од годинава за постигнување на целта од 3,2 милиони ноќевања и повеќе од 530 милиони долари туристички промет!

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Странските инвестиции паднаа од 1 милијарда евра на само 75 милиони во вториот квартал

ДЕСК

Возел под дејство на алкохол и направил сообраќајка – полицијата приведе шофер на опел

ДЕСК

Филипче: Алармантно, буџетската дупка ќе биде 1,4 милијарди евра на крајот на годината

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.