24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.БИЗНИС

Лукаревска: 700 компании не исплатиле плата оваа година, ќе бараме измени на законот за да може да ги објавиме јавно

„Согласно нашите анализи 700 компании од почетокот на година па до сега немаат исплатено плата. Ќе инсистирам, заедно со работната група во УЈП во новиот закон за даночна постапка, да имаме законска обврска, како што објавуваме листа на должници, да ги објавуваме и компаниите кои немаат исплатено плата“ рече директорката на УЈП, Сања Лукаревска во вестите на МТВ.

Таа додаде дека добро е јавноста да знае со какви работодавачи во општеството функционираме.

Директорката на УЈП истакна дека нивните екипи, координирано со останатите институции, редовно спроведуваат акции кај различни целни групи и различни форми на даночни обврзници со цел сузбивање на сивата економија.

„Во дел од акциите што ги спроведуваме, како на пример во клиниките, бевме исклучиво сами. Таму постапивме, изрековме глоби, а на некои места немаше неправилност. Во Арачиново постапивме со МВР, како кооординирана акција, бидејќи битно е секоја институција да постапува во својот дел. Ние гледавме за издавање фискални сметки и регистирани или нерегистрирани даночни обврзници, МВР во својот дел“ рече Лукаревска.