Centar.mk
БИЗНИСвест

Лукаревска: Данок на солидарност плаќаат компаниите со приход над 10 милиони евра кој пораснал за 20 отсто изминатите четири години

„Критериумите за плаќање на данокот на солидарсност се јасни, ги опфаќа компаниите со вкупен приход од 10 милиони евра и тој приход ако е за 20 отсто повисок од претходните четири години“ рече директорката на УЈП, Сања Лукаревска во вестите на МТВ.

Таа додаде дека за носењето на овој закон се направи долг и транспарентен процес, каде што беа споредувани и искуствата од европските земји.

„Овие компании се столбот на општеството, а со овој закон се зајакнува нишката на општествена одговорност која треба да ја имаат“ рече Лукаревска.

Според директорката на УЈП уште 20 компании треба да го уплатат данокот, а вкупната сума која што треба да ја уплатат изнесува 644 милиони денари.

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМА ПРОМЕНА ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ – Цената повеќе нема да биде единственото мерило при изборот

ДЕСК

Започнуваат ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026 и САЕМОТ ЗА НЕДВИЖНОСТИ 2026 од 29 до 31 октомври

ДЕСК

Македонија ја претстави 20-годишната стратегија за минерални суровини во Загреб – договорена соработка за геотермална енергија

ДЕСК