13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

„СКОПЈЕ НА НОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА“ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛАВНИОТ НАСТАН

Скопје, во знак на 60-годишнината од скопскиот земјотрес, деновиве се подготвува за инспиративна архитектонска изложба. Изложбата произлезе од конкурсот „Скопје на новата генерација“, организирана од страна на Јуроп Хаус Скопје.

Изложбата официјално ќе биде отворена на 13 ноември, од страна на амбасадорот Дејвид Гир, кој воедно ќе ги прогласи и победниците на конкурсот. Овој настан ќе служи како платформа за визијата и развојот на градот, креирана од новата генерација архитекти и урбанисти.

„Фазата на пријавување доведе до одлични иновативни архитектонски предлози, каде што секој од предлозите претставува можност за скок кон поинклузивен и ревитализиран град, како и за модернизација на Скопје“, велат организаторите. Тие додаваат дека се возбудени од квалитетот и креативноста на младите архитекти, а визијата што ја добиле од предлозите е инспиративна и дава надеж за иднината на градот.

Главниот настан ќе биде од отворен карактер и ќе се случува во шалтерската сала на Пошта – Скопје. Сите што ќе го пропуштат главниот настан, ќе имаат можност да ја посетат изложбата и во следните три дена, поточно од 14 до 16 ноември, од 12 до 15 часот.

Настанот симболично ќе го прослави 13 ноември, денот на градот, но и четвртиот роденден на Јуроп Хаус Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Шукова: Зелен кеј, модерни вело рути и безбедни јавни простори конкретни проекти за Ѓорче Петров

ДЕСК

Шукова: Враќање на природниот сјај на Вардар, заштита на екосистемот и корекција на штетните интервенции

ДЕСК

Хелсиншкиот комитет остро реагира против говорот на омраза во изборниот процес

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.