„Владата е стабилна, тоа го потврди и Министерот Лога и Алијансата за Албанците. Не се доведува под прашање нивното учество во Владата и тоа е добро бидејќи оваа Влада има зацртани цели и јасна мисија до крајот на мандатот“ рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во „Студио 10“ на ТВ24.
Тој додаде дека сите коалициони партнери се на иста страна, дури и кога има различни мислења и потреба од повеќе дискусија за одредени прашања.
„Како поранешен министер за правда, го ценам напорот на министерот Лога за решавање на овие прашања кои се тешки и горки за системот, а се таложени со децении“ рече Маричиќ.
Вицепремиерот додаде дека потребно е да се стават во функција системите за пробација и алтернативни санкции со цел да се олесни состојбата во затворите, но и да се подобрат условите таму.