Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Обврската за донесувањето на уставните измени останува, ќе работиме до последен ден за обезбедување на 80 пратеници

„Ние сме во исчекување да го видиме извештајот наредната недела на ЕК и планот за раст. Тоа сигурно ќе се дискутира во Собранието наредните денови и недели. Наша обврска останува донесувањето на уставните измени. Колку и да одлагаме и поместуваме по изборите, таа обврска ќе остане. Ние сметаме дека треба да се заврши што поскоро. Ќе работиме до последен ден во овој собраниски состав за обезбедување на 80 пратеници и мислам дека сите пратеници и политички партии треба да се свесни за одговорноста“, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во „Студио 10“ на ТВ24.

Тој додаде дека во таа насока била и изјавата на претседателката Фон дер Лајен минатата недела кога го посети Скопје кога испратила јасна порака дека имаме перспектива да одиме напред, дека имаме добра основа за развој, планот за раст е во таа насока, скрининг процесот е при крај. Маричиќ дополнително посочи дека треба да ги изгласаме уставните измени за да може државата да продолжи напред.

„Наша задача како Влада, што сме ја преземале со гласање во собрание на францускиот предлог и во договор со ЕУ да ги спроведеме уставните амандмани. Содржински никој не ги оспорува, дури ни ВМРО-ДПМНЕ не ги оспорува. Ги оспоруваат само заради политички поени што скапо ќе ја чинат државата“, заклучи Маричиќ.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕД ДА ОДИТЕ ПО ПАСОШ ИЛИ ЛИЧНА КАРТА: МВР објави што не треба да носите

ДЕСК

Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без дозвола, од кои еден малолетник, еден со активна забрана и еден без дозвола и под дејство на алкохол

ДЕСК

Македонија за три месеци изгуби мал град: Алармот за населението одамна е вклучен

ДЕСК