13.8 C
Скопје
21. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Три случаи на каснувања од кучиња скитници во Скопје

Вчера попладне, во 12.30 часот, во Полициската станица Карпош, 53-годишната Ж. П. од Скопје пријавила дека на улицата Никола Тесла нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник, извести МВР.

Вчера, во 12 часот, во Полициската станица Драчево, Г. И. (46) од Скопје пријавил дека на улицата Иван Хаџиниколов бил каснат од куче скитник, а во 18.30 часот во Полициската станица Чаир, Н. С. (21) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Чаир бил каснат од куче скитник, соопшти МВР.