Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Се судрија „фолксваген“, „поло“ и „ауди“, тешко повредена скопјанка

Вчера попладне, во 13.35 часот, било пријавено дека во Скопје, на улицата Александар Урдаревски, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н. М. (30) од Скопје, патничко моторно возило „поло“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С. Т. (49) од Скопје, и патничко моторно возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М .К. (26) од Скопје, извести МВР.

Во несреќата тешки телесни повреди добила С. Т., констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, додаваат од МВР.

Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +

Филипче: Мицкоски лаже, македонскиот јазик е признаен во ЕУ

C +