22.8 C
Скопје
20. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Страшна снимка од роденденска забава: И ја удри главата во торта, таа му заби нож во око (ВИДЕО)

На социјалните мрежи кружи видео од страшна несреќа на роденденска забава.

Во првите кадри ја гледаме роденденската девојка опкружена со пријатели кои смислиле позната шега – да и го „залепи“ лицето во тортата. Она што следеше ја замрзна крвта во вените.

Насмеана девојка држи нож во раката, несвесна за ризиците. Штом главата завршила во тортата, направила неочекувано движење и сечилото го прободело окото на младичот.

Роденденската продолжила да се смее, бидејќи не разбрала што се случило, додека повредениот млад човек се повлекува и го држи за око.

Присутните веднаш притрчале да му помогнат, но нема информации во каква состојба завршил, јавува Lakalle Blu Radio.