Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Зоран Заев за грчка телевизија “One Chanel”: Договорот од Преспа отвори подобра иднина за Северна Македонија и за Грција

– Договорот од Преспа е доказ за тоа колкава е моќта на компромисот. Заедно со тогашниот премиер Алексис Ципрас направивме чекор кој отвори пат за нови перспективи и подобра иднина за двете држави- изјави поранешниот премиер Зоран Заев во интервју за грчкиот “One Chanel”.

Пред пет години храброста и визијата на владите на Атина и Скопје, додава Заев, ставија крај на три деценискиот спор, отворија една нова ера во меѓусебната соработа меѓу двете држави и донесоа регионална стабилност.

Со договорот од Преспа, додава Заев, невозможното стана возможно.

-Покажавме дека преку преку дијалог и дипломатија може да се совладаат конфликтот и поделбите. Покажавме и го ставивме општиот интерес пред сопствениот. Денес Северна Македонија е горда членка на НАТО заедно со Грција со која делиме заеднички вредности за мир и безбедност внатре во алијансата- изјави Заев во интервјуто.

Благодарение на Преспанскиот договор Македонија е денес поблиску до ЕУ, а благодарение на подршката од Грција и остатантите партнери земјава, смета Заев, гради посветла иднина за наредните генерации.

Можеби ќе ве интересира

30 години членство во Советот на Европа – средба на претседателот Гаши и претседателот на ПССЕ, Теодорос Русопулос

ДЕСК

За вакцинација против сезонски грип досега пријавени над 76 илјади граѓани – започна и вакцинацијата со комерцијални вакцини во Центарот за јавно здравје – Скопје

ДЕСК

Приведени криумчари на мигранти во гевгелиско, следува соодветна пријава

ДЕСК