Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Петрушевска – Русопулос: Заедно постоиме, но отуѓени се распаѓаме

Шефицата на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ), Марија Петрушевска, и членовите: Бисера Костадиновска-Стојчевска, Сања Лукаревска и Беким Ќоку, денеска остварија средба со Теодорос Русопулос, претседателот на ПССЕ.
Петрушевска изрази чест и задоволство од посетата на Русопулос, особено во време кога ја прославуваме 30-годишнината од нашето членство во Советот на Европа, процес преку кој во 1995 година започна европската интеграција на нашата држава.

Таа истакна дека ние остануваме посветени во исполнување на нашата стратешка и заедничка цел – членството во ЕУ, бидејќи европската интеграција е повеќе од индивидуално членство, таа значи интеграција на нашите вредности и цели, обединети под паролата „заедно постоиме, но отуѓени се распаѓаме“.

Со цел поголема видливост на работата на Советот, претседателот на ПССЕ, Русопулос, ја сподели иницијативата која е веќе упатена до земјите членки, барање до министерствата за образование за воведување на еден час годишно во училиштата за запознавање и приближување на работата на Советот, што беше поздравено и од македонска страна.

Исто така, соговорниците разменија мислења во однос на руско-украинската војна, каде што Петрушевска посочи дека е особено горда бидејќи бевме прв парламент кој ја усвои Резолуцијата за осуда на руската агресија врз Украина, и како држава сме целосно инволвирани во воена и хуманитарна поддршка на Украина.

Присутните беа согласни дека досега се остварени значајни резултати во почитувањето на човековите права и слободи, како и во доследна примена на принципите, целите и високи стандарди на оваа организација.

Во рамки на својата официјална посета Русопулос, оставри средба и со претседателот на Собранието, Африм Гаши, по што следеше и обраќање пред пратениците на 69. собраниска седница.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Студентите ќе добијат многу повеќе од оние 140 денари за студентски оброк кои ги добиваат досега, работиме на понудата

ДЕСК

Мицкоски: Ќе има редовни избори, но ако има иницијатива од опозицијата за предвремени избори, ќе ја поддржиме и одиме на избори

ДЕСК

Сиљановска-Давкова: Добрососедските односи мора да бидат мост кон ЕУ, а не инструмент за неодредено одложување на европската перспектива на соседот

ДЕСК