23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Одговорност за случајот Онкологија ќе има за сите инволвирани

Соопштение на СДСМ:

За сите инволвирани во случајот на клиниката за онкологија, во целиот период наназад ќе има одговорност, никој нема да биде заштитен и никој нема да биде поштеден, независно од политичката или етничка припадност.

Институциите работат со цел расчистување на овој грозен случај и одговорност за сите вмешани.

МВР и обвинителството преземаат истражни дејствија, коишто се спроведуваат на најпрофесионален начин за да ги идентификуваат лицата што се огрешиле пред законот и пред етичките и моралните принципи.

После 20 години, гласини, за прв пат МВР и Обвинителството влегоа на онкологија и направија акција за прибирање на обемен доказен материјал во врска со јавно изнесени обвиненија и сомнежи од страна на граѓани, медиуми, пациенти.

Потребна е професионална и брза истрага за целосно расчистување на случајот и откривање на сите одговорни, во целиот временски период, години наназад.

Политизација и злоупотреба на случајот за ситни дневни политички поени е недозволива.