Centar.mk
СТЕФАН БОГОЕВ/ STEFAN BOGOEV
МАКЕДОНИЈАвест

Богоев: Ако се препродавале лекови за сметка на животите на тешко болни луѓе, тоа заслужува најстрога казна

Јас поминав цели 4 месеци со татко ми на Онкологија. Случајот во најмала рака е згрозувачки. Кој не бил, не знае што тоа значи, напиша на својот Фејсбук профил директорот на Царинската управа, Стефан Богоев во врска со скандалот на Клиниката за онкологија.

„Ако навистина се препродавале лекови и терапија за сметка на животите на тешко болни луѓе, тоа заслужува најстрога можна казна! Поддршка за МВР и ОЈО да го истераат случајот до крај! Без разлика на партиска, етничка или верска припадност на криминалците! За никогаш повеќе никој да не помисли, а камоли да го направи ова злодело“, наведе Богоев.

Можеби ќе ве интересира

Преку мобилна апликација секој ќе може да си провери дали има казна од „Безбеден град“, ќе се бележи историја на прекршоци за секого

C +

Инцидент во скопско село: Закани со огнено оружје по конфликт за паркинг

ДЕСК

Предновогодишна тепачка во угостителски објект во Скопје

ДЕСК