12. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Маричиќ: Земјава нема друга опција освен ЕУ

-Опија Б ние немаме. Опција Б е долгогодишно чекање и уништување на оваа прилика, чекање на подобри времиња и влегување во некој лош филм дека ние ќе ги смениме правилата во ЕУ. Дали и кога ќе се сменат правилата во ЕУ не зависи од нас. Ние треба да го направиме тоа што зависи од нас. А тоа се реформите и Уставните измени- рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во интервју за ВИС.
Тој смета  дека држава која во 2001 го сменила концептот на Уставот и има наведено веќе неколку заедници, не треба да има проблем да додаде уште неколку заедници кои што се наши граѓани и барат да извлечат права согласно бројките на пописот и да влечат свои права како што им гарантира Уставот и законите.

-Дали за тоа вреди да си ги уништиме шансите за брз влез во ЕУ? Милслам дека тоа никој нема да ни го прости. Ни среднорочно ни долгорочно како генерации – вели вицепремиерот Маричиќ.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Црната кампања на ДПМНЕ прерасна во паника– со лаги се обидуваат да го прикријат хаосот во енергетиката и во РЕК

C +

Демант на Спасовски: Никогаш не сум спречил контрола, ДПМНЕ во очаен обид да ја прикрие вистината за Кочани

C +

Шукова: Нови дневни центри, прифатилишта за жени жртви на насилство, фонд за лица во ризик и грижа за секој жител на Скопје

C +
error: Соддржината е заштитена.