24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ковачевски за ТВ 21: Потенцијалот за економски развој со членство во ЕУ е огромен

„Западен Балкан треба да биде интегриран во ЕУ бидејќи ЕУ има две граници, едните и се надворешни, втората е внатрешна граница, граница со земји од Западен Балкан“. Ова е една од пораките која ја истакна претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски во интервју за емисијата „10 минути“ на ТВ 21.

„Сликата на Западен Балкан е променета, ако во 90-те беа тоа новоформирани држави, денес ги имаме Словенија, Хрватска па и Бугарија кои се земји членки на ЕУ. Меѓутоа од безбедносен аспект, Словенија, Хрватска, Црна Гора, Северна Македонија, Албанија, Грција, Бугарија се земји членки на НАТО. Она што е заедничко како оценка на голем број на економисти дека потенцијалот за економски развој на Западен Балкан е исклучително голем со оглед на неговата позиција, на тоа што луѓето се исклучително вредни со оглед на ресурсите кои располага и потенцијалот кој располага и вклучувањето на еден заеднички пазар од половина милијарда луѓе како што е пазарот на ЕУ секако дека ќе го направи овој регион да биде регион со највисоки стапки на раст“, посочи премиерот Ковачевски.

Претседателот на Владата посочи дека истата порака денеска ја слушнал и од заменикот помошник државен секретар на САД, Габриел Ескобар.