Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

ЧУВАЈТЕ СЕ, ТОПЛОТЕН БРАН НАД МАКЕДОНИЈА ЗА ПРАЗНИЧНИОТ ВИКЕНД: Синоптичарите објавија кога да очекуваме заладување и многу дожд

До понеделник ќе се задржи многу топло време. Утре во попладневните часови во јужните делови ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.

Во понеделник кон крајот на денот и во вторник се очекува променливо облачно и нестабилно време со повремен пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме.

Дневните температури од вторник ќе опаднат за неколку степени.

Прогноза за 27.08.2023
Минимална температура: 13°C до 21°C
Максимална температура: 32°C до 38°C

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. UV=8

Прогноза за 28.08.2023
Минимална температура: 12°C до 22°C
Максимална температура: 33°C до 38°C

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој долж Повардарието ќе засилува. Кон крајот на денот ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невремеUV=8

Прогноза за 29.08.2023
Минимална температура: 13°C до 22°C
Максимална температура: 28°C до 34°C

Променливо облачно, нестабилно и посвежо со локален пороен дожд и грмежи, на места во форма на невреме. UV=6

Можеби ќе ве интересира

Каква храна јадеме? Ако и етикетата лаже, на што да веруваме: Нов аларм за храната што ја конзумираме

ДЕСК

ВЕТЕР ДО 60 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС: Се очекуваат најсилни удари во западните делови – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Пензионер нападнат во Аеродром

ДЕСК