Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Хеликоптерот на МВР исфрли над седум тони вода, изгаснат пожарот во близина на езерото Мантово

Денеска (21.08.2023) Одделот за воздухопловни единици при МВР дејствуваше во реонот на езерото Мантово, во близина на регионалниот пат Штип-Радовиш каде успешно беше изгаснат пожарот кој настана денеска околу 14 часот. По добиено барање од Центарот за управување со кризи дека поради непристапниот терен во шумата потребно е да се активира хеликоптер на МВР веднаш е постапено и хеликоптерот прецизно исфрли 7 тона вода и заедно со пожарникари од Штип, Радовиш и од Доброволното противпожарно друштво од општина Конче го изгасна пожарот.

Можеби ќе ве интересира

Од понеделник значителна промена на времето, се најавуваат обилни врнежи од дожд и пад на температурите – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Сообраќајка на патот Струмица – Радовиш, сообраќајот е во целосен прекин и се пренасочува

ДЕСК

Бесправно сечеле огревни дрва, полицијата им ја заплени моторната пила и дрвјата, а притоа и ги лиши од слобода

ДЕСК