Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(ГАЛЕРИЈА) Цел арсенал оружје, муниција и дроги најдени кај охриѓанец

На 31.10.2025, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид лишија од слобода лице(48) од селото Подмољје, охридско.

При претрес во поранешен угостителски објект во селото Мешеишта, општина Дебрца, кој го користел приведениот, извршен со судска нредба, пронајдени и одземени се вкупно 1357 парчиња муниција различен калибар, 488 стебла од растението Канабис, еден сандак со куршуми калибар 7,62 милиметри, два стари револвери, еден пиштол „VZOR“ калибар 7,65 милиметри, две автоматски пушки, еден тромблонски држач, едно тело и една иницијална каписла од рачна бомба, пакување со црна грутчеста материја, ќеса со кафеава прашкаста материја и други предмети кои нелегално ги поседувал.

Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните дека ќе ја платат цената додека цело ВМРО си обезбеди пасоши од ЕУ преку Бугарија

ДЕСК

Родителите работат, децата ги расте телефонот: Дали го губиме семејството?

ДЕСК

НЕВРЕМЕ И ТЕМНИ ОБЛАЦИ НАД МАКЕДОНИЈА ВО НАЈАВА: Детална четиридневна прогноза

ДЕСК