23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Претседателот Пендаровски и сопругата Ѓоргиевска на „Галичка свадба“

Претседателот Стево Пендаровски и сопругата Елизабета Ѓоргиевска, денеска присуствуваа на културно-сценската манифестација „Галичка свадба“, што традиционално се одржува под негово покровителство.

Претседателот Пендаровски им честита на годинашните младенци, Оливер Андреевски и Елисавета Булоска. Дарувајќи ги со „галичка пафта“ – со мотив од галичка носија, им посака среќа, бериќет, љубов и хармонија во нивниот иден заеднички живот.

Претседателот изрази задоволство што сè уште постои голем интерес кај младите во земјава да бидат дел од Галичката свадба продолжувајќи ја оваа македонска вековна традиција.
Воедно, тој упати честитки за шестдецениското негување на манифестацијата, која ги слави автентичните свадбарски обичаи и изворните песни и ора, претставува живо културно наследство и траен идентитетски белег.

„Галичка свадба“ официјално почна вчера со поставување на свадбарскиот бајрак и симболичниот чин на „фрлање три пушки“ од куќата на зетот. Денеска беа одбележани традиционалните свадбените обичаи, а младенците се венчаа во храмот „Св. Апостоли Петар и Павле“.