15. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Петровска: „Вагнер“ не е присутен на Балканот во земјите кои се членки на НАТО

Од самитот на НАТО во Вилнус, во ексклузивно интервју за ЦИВИЛ Медиа, македонската министерка за одбрана, Славјанка Петровска со сигурност потврди дека озлогласената платеничка група „Вагнер“ не дејствува во земјите на Балканот што се членки на НАТО, што само уште еднаш ја потврдува вредноста на членството во Алијансата.

„Со сигурност можам да кажам дека ‘Вагнер’ не е присутен на Балканот во земјите кои се членки на НАТО и тоа е уште еден дополнителен мотив и доказ зошто пристапувањето на Северна Македонија во НАТО Алијансата беше толку важно и многу значајно. Сведоци бевме изминатиот период и ќе бидеме во иднина на хибридни дејствувања и на Русија, меѓутоа и на други држави, кои евентуално би ѝ помагале во нејзиното дејствување“, изјави Петровска за ЦИВИЛ Медиа.