Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Петровска: Примерот на Шведска треба да биде позитивен пример за нас

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, од самитот на НАТО во Вилнус, во ексклузивно интервју за ЦИВИЛ Медиа даде свој коментар на уставни измени што ги направи Шведска за да ги задоволи условите на Турција.

Тоа е, меѓу другото, причината поради која генсекот на НАТО, Столтенберг, кажа дека овој самит на НАТО е историски, уште пред и да започне, истакна Петровска.

Од министерката за одбрана побаравме коментар за оваа ситуација во која Турција го деблокира процесот на зачленување на Шведска во НАТО, по уставните измени во Шведска.

„Однесувањето на Турција или деблокирањето, давањето согласност да пристапи Шведска во НАТО, само уште еднаш покажува колку НАТО или сојузниците во Алијансата знаат да ја проценат важноста на моментот“, изјави Петровска.

Министерката за одбрана направи одлична споредба со македонските политички процеси.

„Мислам дека тоа треба да биде позитивен пример за случувањата кај нас, заради тоа што, ако цело време декларативно се залагаме за нешто, тоа треба во одреден момент да го произведеме односно да го преточиме во реални чекори. (…) Единствениот услов, кој во моментов е на маса пред нас, е промената на Уставот со внесувањето на Бугарите како малцинство и продолжување на патот за Република Северна Македонија. Тоа е единственото нешто“, подвлече министерката Петровска во интервјуто за Цивил Медиа.

извор Цивилмедиа

Можеби ќе ве интересира

НЕВРЕМЕ НА ДЕЛ ОД ТЕРИТОРИЈАТА: Западот и југот со пообилни врнежи и засилен ветер

ДЕСК

(ФОТО) Зоран Заев присуствуваше на роденденот на СДСМ

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: СДС живее во светот на бајките и лагите, не ВМРО-ДПМНЕ, ММФ вели дека сме меѓу првите три држави кои примениле најмногу мерки за справување со ценовните шокови

ДЕСК